ПСЖ го засили обезбедувањето по навивачките протести

 Актуелниот француски фудбалски првак ПСЖ ги засили денеска мерките за безбедност пред тренинг центарот и домовите на дел од своите најплатени играчи, Нејмар, Лионел Меси и Марко Верати, по вчерашните протести на навивачите.

Во средата пред клупските простории се собраа неколку стотина навивачи на ПСЖ за да изразат незадоволство од резултатите на тимот, навредувајќи ги Верати, Меси и Нејмар, како и тренерот Кристоф Галтие.

ПСЖ во својата реакција го осуди „неподносливите и навредливи постапки на мала група навивачи“.

Незадоволството на навивачите ескалираше по неделниот пораз на ПСЖ на домашен терен од Лориен со 3-1.

На пет кола до крајот на француското првенство, ПСЖ е првопласиран на табелата со пет бодови предност пред Олимпик Марсеј на второто место.