Заврши судењето меѓу Мили и Цеца: Еве каков е исходот (фото)

Пејачката,  Светлана Цеца Ражнатовиќ на суд го доби композиторот Александар Милиќ Мили, пренесува Блиц. Судскиот процес за авторските права заврши, а тие сега и’ припаднаа на пејачката.

Завршиле на суд бидејќи пејачката сфатила дека тој се регистрирал како сопственик на фонограмот на сите албуми што ги направил со пејачката, иако договорот бил сосема поинаков.

Договорот бил сопственичките права да бидат пола-пола, што Мили не го почитувал и поради тоа завршиле на суд.

– Сега сè се средува, каналите на Јутјуб се средуваат и мојот канал се средува. Некои песни се повлечени додека не се расчистат некои работи, јас сум на суд со Мили токму поради тие фонограми, бидејќи договорот беше да бидат 50-50, тој ги презеде сите 100 проценти. Сега судот досуди да биде 50-50 колку што требаше. Морам да и’ кажам на мојата публика дека не се работи за тоа што каналите се неорганизирани, сите песни се таму, туку мора да се почитуваат работите и сè да се стави на свое место – изјави таа во „Премиера“.

Да потсетиме, сè започна кога Цеца сфати дека Мили се регистрира како сопственик на фонограмот на сите албуми што ги направи со Цеца.