Самитот на ЕУ започна со едноминутно молчење за жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија

„Вонредниот Европски совет штотуку започна со едноминутно молчење за жртвите од земјотресот што ги погоди Туркије и Сирија“.

– Лидерите на Европската Унија на почетокот на Самитот со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија, пренесува Анадолу.

„Вонредниот Европски совет штотуку започна со едноминутно молчење за жртвите од земјотресот што ги погоди Туркије и Сирија“, објави на Твитер Барен Лејтс, портпарол на претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел.

На пат до состанокот, неколку лидери на ЕУ изразија длабоко жалење за земјотресот.

Од своја страна, литванскиот претседател Гитанас Наузеда упати сочувство „до народот на Туркије од дното на нашите срца“.

Тој нагласи дека „Литванија е подготвена да ги поддржи земјите што го претрпеа овој ужасен земјотрес“.

Естонската премиерка Каја Калас, исто така, изрази жалење за катастрофата и објасни дека нејзината земја пред два дена итно испратила 45 спасувачи со опрема во Туркије.

Лидерите на ЕУ на дводневниот Самит се очекува да разговараат за поддршката на Блокот за Украина, миграцијата и економските прашања.

Најмалку 14.014 лица загинаа, а 62.937 се повредени по силниот земјотрес што ја погоди јужна Туркије во понеделникот наутро, според Агенцијата за спаравување со катастрофи на Туркије (АФАД).