Слатки и меки кифлички со џем ќе ги воодушеват сите што ќе ги пробаат, а рецептот е едноставен.
Неопходно е:
600-650 гр брашно
сол
20 гр квасец
1 лажичка шеќер
200 мл топла вода
75 мл масло
1 јајце
2 лажици кисела павлака
За полнење:
џем по избор
За обложување:
1 јајце
сол
една лажица млеко
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад растворете го квасецот со 100 мл топла вода, една лажичка шеќер и една лажичка брашно. Потоа оставете го на топло место десетина минути да нарасне. Во активираниот квасец додадете половина од просеаното брашно.
Потоа додадете половина од просеаното брашно, солта, јајцето, маслото, павлаката и остатокот од водата. Со раце замесете мазно тесто, постепено додавајќи брашно. Потоа покријте го тестото и оставете го да отстои половина час. Тестото поделете го на осум јуфки, па развлечете ги во правоаголници. Еден дел од тестото исечете го на ленти со дебелина од околу еден сантиметар.
Раширете го џемот по неисечениот раб и виткајте во форма на ролат. Ролатите наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Намачкајте го тестото со изматено јајце и млеко. Ролатите се печат околу 20 минути до половина час, во загреана рерна на 200 степени. Намачкајте со вода и покријте ги врелите кифлички со крпа. Оставете ги да се изладат, па посипете ги со шеќер во прав.