Мразот на Антарктикот на рекордно ниско ниво

0

Мразот на Aнтарктикот најверојатно се намали на рекордно ниско ниво минатата недела, објавија американските научници, што е најниска количина забележана во последните 45 години. Националниот центар за снег и мраз (НСИДЦ) на Универзитетот во Колорадо Болдер објави дека мразот на Антарктикот се стопил на 1,79 милиони квадратни километри на 21 февруари.

Тоа е за 136.000 квадратни километри помалку од претходниот негативен рекорд поставен во 2022 година. Научниците од НСИДЦ нагласија дека објавените податоци не се конечни, бидејќи сè уште е можно дополнително топење на мразот во доцната сезона. Тие рекоа дека ќе го објават конечниот број за големината на мразот на почетокот на март.

Топењето на мразот ги изложува подебелите ледени плочи што го поддржуваат дното на Антарктикот на бранови и повисоки температури. Топењето на мразот нема видлив ефект врз нивото на морето бидејќи мразот е веќе во водата на океаните.

Мразoт ги опкружува огромните ледени плочи на Антарктикот, проширувањата на слатководните глечери кои се закануваат со катастрофално покачување на нивото на морето во текот на вековите, доколку продолжат да се топат со зголемувањето на глобалните температури.

„Одговорот на Антарктикот на климатските промени е различен од оној на Арктикот“, рече Тед Скамбос, виш научен соработник во Институтот за истражување на животната средина ЦИРЕС. „Трендот на намалување на мразот може да биде сигнал дека глобалното затоплување конечно влијае на лебдечкиот мраз околу Антарктикот, но ќе бидат потребни уште неколку години за да се знае со сигурност“, рече Скамбос.

Циклусот на Антарктикот претрпува значителни годишни варијации – топење во лето и замрзнување во зима. Во последните четири децении, континентот не го доживеа брзото топење што ги погоди ледените плочи на Гренланд и Арктикот поради глобалното затоплување.

Но, темпото на топење од 2016 година предизвикува загриженост дека би можел да преовладува значителен надолен тренд. Топењето на мразот е проблем бидејќи помага да се забрза глобалното затоплување.

На глобално ниво, минатата година беше петта или шеста најтопла досега забележана и покрај влијанието на ладењето на природниот временски феномен Ла Нина.