Му се смачи – На сред натпревар отиде во тоалет и не се врати! Испиша историја, па буквално исчезна од теренот! Чави го чекаше 10 минути (видео)

Младиот фудбалер на Барселона во 71. минута отиде во тоалет и повеќе не се врати во игра…

Суперталентираниот фудбалер на Барселона Ламине Џамал ​​синоќа испиша историја, бидејќи со 16 години и 83 дена стана најмладиот стартер во историјата на Лигата на шампионите.

Cепак, се чини дека нервозата си го направи своето бидејќи тој буквално исчезна од теренот на крајот од мечот. Тој во 71. минута истрча до тоалетот и повеќе не се врати.

Десет минути Барселона играше со играч помалку a Чави го чекаше ​​да се врати од соблекувалната, но од младиот ас немаше ни трага ни глас, па тренерот на Каталонците реагираше во 80. минута и го стави во игра Маркус Алонсо.

Подоцна беше откриено дека Жамал имал стомачни проблеми.

Да потсетиме, во натпреварот од второто коло од групата Х, Барселона на гости го совлада Порто со резултат 1:0, а стрелец на победничкиот гол беше Феран Торес.