НАПРАВИ НЕВИДЕНО ЧУДО ВО ПЕНАЛИ СЕРИЈАТА: Одбрани ЧЕТИРИ УДАРИ ОД БЕЛАТА ТОЧКА и ја однесе својата репрезентација во полуфинале! (ВИДЕО)
Репрезентацијата на Јужна Африка се пласираше во полуфиналето на Купот на африканските нации , откако по изведувањето пенали го совлада Зеленортски Острови со 2:1 (0:0).
Апсолутен херој на големиот успех на оваа селекција беше голманот Ровен Вилијамс, кој одбрани четири од пет пенали во пенал серијата!
По 120 минути игра немаше голови, се решаваа пенали, а токму тогаш на сцена стапи маестралниот 32-годишен голман на Јужна Африка.
Тој сопре дури четири удари од противничките фудбалери и со тоа ја одведе својата екипа во полуфиналето.
Јужна Африка во полуфиналето ќе се соочи со Нигерија.
Погледнете ги одличните одбрани на Вилијамс: