Натпреварот во Украина е прекинат по сирените за воздушен напад

Градот во кој се играше натпреварот е нешто повеќе од 100 километри од Харков, кој важи за едно од најголемите воени жаришта во Украина.

Ворскле и Металиста денеска ги поделија бодовите во натпреварот од 18. коло на украинската Премиер лига, играјќи меч без голови, а деталот од овој натпревар најдобро ја покажува моменталната ситуација во Украина каде што војната се уште трае.

Дуелот на двете екипи во еден момент беше прекинат откако се огласија сирените кои предупредуваа на можност од воздушни напади.

Градот во кој се играше натпреварот се наоѓа на нешто повеќе од 100 километри од Харков, кој важи за едно од најголемите воени жаришта во Украина.

Екипите го напуштија теренот
Двете екипи веднаш го напуштија теренот и со звукот на сирената се повлекоа внатре во стадионот.

Сепак, реакцијата на фудбалерите беше едноставно нереална и незамислива бидејќи немаше апсолутно никаква паника. Токму ваквото однесување на фудбалерите предизвика големо внимание на социјалните мрежи ширум светот.

Првиот натпревар
Инаку, ова беше прв натпревар по долго време што фудбалерите на Ворскла го одиграа на својот стадион во Полтава, а натпреварот заврши без голови.

По 18 одиграни кола сезонава водечки се Днипро и Шахтјор со по 39 бодови, додека Зорја е на третото место со 37. Четврти е Динамо Киев со 33 бодови.