Најмалку четири лица загинаа денеска, а едно лице е повредено во рускиот напад врз центарот на градот Херсон, на југот на Украина, соопшти шефот на локалната воена управа, Роман Мрочко.
„Тројца од загинатите се мажи на возраст меѓу 45 и 50 години кои биле во автомобил, а четвртата жртва е жена која била на улица“, напиша Мрочко преку Телеграм, додавајќи дека уште еден маж е повреден и пренесен во болница.
Заедно со пораката тој објави и видео од запален автомобил. Мрочко го осуди новиот руски напад врз Херсон, наведувајќи дека намерата била „да се убијат и повредат цивили“.
И украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко денеска објави видео во кое пожарникари се обидуваат да изгаснат запалено возило.