Во несреќата нема повредени, а се уште не е утврдена точната материјална штета.
На аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб се случи несреќа, кога авионот SAAB 340 Fleet Air International во вечерните часови слета на пистата 04 и продолжи да се движи кон паркинг просторот, но му откажале сопирачките и удрил во т.н. Follow me возило.
Несреќата се случила во понеделникот вечерта, а авионот застанал пред карго терминалот на аеродромот.
Според неофицијални информации на порталот, на авионот му откажале сопирачките поради истекување уље.
Во несреќата нема повредени, а се уште не е утврдена точната материјална штета.
Станува збор за авион стар 34 години кој сообраќа на релација Загреб – Сараево.
Од аеродромот потврдија дека оваа несреќа навистина се случила за време на паркирањето на авионот и дека нема повредени.
Оттаму изјавија дека настанот бил пријавен во Агенцијата за воздухопловни, поморски и железнички сообраќај.