Знаеме дека е тешко да ги натерате децата да сакаат зеленчук, но овие генијални рецепти сигурно ќе ви го олеснат подготвувањето оброци за нив.
Компоненти:
- 450 гр брокула
- 2 јајца
- 100 гр пармезан сирење
- 2 чешниња лук
- 4 лажици брашно
- маслиново масло
- сол
- бибер
Подготовка:
Најпрво сварете ја брокулата, па исечкајте ја многу ситно. Ставете во длабок сад. Додадете ги јајцата, ренданиот пармезан, издробениот лук и брашното. Додадете сол и бибер по вкус. Сè убаво измешајте и соединете, а потоа почнете со лажица да обликувате колачиња на хартија за печење и испечете ги во рерна.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути или додека не поруменат.