Босанецот многумина го осудија затоа што живее со две жени: По 10 години брак донесе и Украинка, а сега им одговори на сите кои го навредуваат (фото/видео)

„Зошто толкава омраза кон мене?“, прашува Елмедин.

Приказната за Елмедин Кариќ (32) од Бусовача во Босна и Херцеговина одекна надалеку.

Имено, тој по десет години брак со Фатима (29) решил во куќата да ја внесе Украинката Јана (44).

Тој јавно зборуваше за исполнувањето на својот сон, а веста набрзо се прошири низ регионот, но предизвика и лавина коментари.

Имено, тој по десет години брак со Фатима (29) решил во куќата да ја внесе Украинката Јана (44).

Тој јавно зборуваше за исполнувањето на својот сон, а весттс набрзо се прошири низ регионот, но предизвика и лавина коментари.

Иако неговата религија му дозволува да живее во полигамија , тоа ретко се случува во овие области.

– Кога бев момче, сонував да имам две жени истовремено. Јана ја запознав во Германија. Не сакав да ја лажам неа или мојата сопруга. Веднаш и’ кажав дека сум муслиман и дека имам право на четири жени – изјавил Елмедин.

Тој рече дека е првиот во регионот кој има две легални сопруги, но и призна дека татко му не ја поддржувал идејата за втор брак и го избркал од дома.

Се чини дека неговиот татко не е единствениот кој не ја поддржал оваа идеја бидејќи Елмедин, видно потресен, решил повторно да и’ се обрати на јавноста.

Имено, тој на платформата Јутјуб објави видео наречено: ,,Зошто омраза”.

– Им се обраќам на луѓето кои ме „мразат“. Зошто толкава омраза кон мене? Јас и моите две сопруги се договоривме да живееме вака. Многу мажи имаат љубовници, а многу жени имаат љубовници. Така тие молчат за тоа, а јас застанав пред камера со сопругите и кажав сè како што е. 

Елмедин истакна дека тука не е крајот и дека повторно ќе им се обрати на сите преку својот канал на Јутјуб.