На децата ќе им се допаднат плескавиците од брокула направени на овој начин

Знаеме дека е тешко да ги натерате децата да сакаат зеленчук, но овие генијални рецепти сигурно ќе ви го олеснат подготвувањето оброци за нив.

Компоненти:

  • 450 гр брокула
  • 2 јајца 
  • 100 гр пармезан сирење
  • 2 чешниња лук
  • 4 лажици брашно
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Најпрво сварете ја брокулата, па исечкајте ја многу ситно. Ставете во длабок сад. Додадете ги јајцата, ренданиот пармезан, издробениот лук и брашното. Додадете сол и бибер по вкус. Сè убаво измешајте и соединете, а потоа почнете со лажица да обликувате колачиња на хартија за печење и испечете ги во рерна.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути или додека не поруменат.

Пријатно!