„Вистина е дека Новак не игра најубав тенис и дека не е најпопуларниот играч. Но, тој е најдобриот што држел рекет – крај на дискусијата!“

Познатиот тениски експерт Патрик Муратоглу ги коментираше приказните и дебатите за тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња, велејќи дека всушност „нема вистинска дебата“. Зашто, како што вели поранешниот тренер на Серена Вилијамс, главен критериум мора да бидат освоените титули, каде што Новак има примат пред Федерер и Надал.

– Единствено мерило за тоа кој е најдобар се титулите. Новак Ѓоковиќ ги победи и Надал и Федерер на сите Грен слем турнири. Тој има освоено 23 големи титули, има и најмногу турнири од сериите Мастерс – 38, има шест финални Мастерси и убедливо најмногу недели како број 1 на светската листа. Она што импресионира кај Новак е тоа што и на 36 години има способност да ги освои најголемите титули. Крај на дискусијата – рече Патрик Муратоглу. 

Како што додаде, приказните за тоа кој игра подобар тенис од нив тројца не се релевантни за изборот на најдобриот. 

– Вистина е дека можеби тенисот на Новак не е најубав за око, точно е дека не е ни најсакан. Сепак, тоа се субјективни проценки. Објективно, тој е најдобриот тенисер што држел рекет – заклучи Муратоглу.

 Да потсетиме, Муратоглу неодамна беше меѓу оние кои се прашуваа каде е српскиот тенисер на промо материјалот пред овосезонскиот Вимблдон. Организаторите на третиот Грен слем сезонава „заборавија“ на актуелниот шампион , но набрзо ја поправија грешката по притисокот од јавноста.

Нето заработката од турнирот покажува колку доминира Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња. Тоа го потврдува и бројот на највредните титули што ги има во својата колекција, како и парите што ги заработи благодарение на наградите на турнирите. Српскиот тенисер неодамна ја освои третата титула на Ролан Гарос во Париз, рекордна 23-та од Грен слем турнирот. Тоа беше трет трофеј што го подигна оваа сезона, откако претходно триумфираше на Австралија опен и во Аделаида. Тој оваа година заработи 5.070.688 долари во награди на турнирот. Со тоа дополнително го подобри својот „престижен“ рекорд за заработени пари на теренот – сега таа сума е 169.762.762 долари. Ѓоковиќ во својата кариера освои 94 титули од кои 23 на Грен слем турнири и 38 на Мастерс турнири. На второто место на вечната ВТА листа е Рафаел Надал со речиси 135 милиони долари, додека трет е Роџер Федерер со 131 милион. Зад нив е Серена Вилијамс со 95 милиони, а петти е Енди Мареј со 64 милиони. Во Топ 10 по заработка од турнирот се и Пит Сампрас со 43 милиони, Венус Вилијамс со 42, Симона Халеп со 40, Марија Шарапова со 38 и Петра Квитова со 36.