ДОАЃА РУСКАТА ВИКИПЕДИЈА! „Рувики“ почнува со работа ОВАА година! Еве на кои ЈАЗИЦИ веќе се чита

Руската онлајн енциклопедија „Рувики“, која се уште е во фаза на тестирање, засега може да се чита на 20 јазици

Рускиот аналог на добро познатата „Википедија“ наречен „Рувики“ ќе почне да работи веќе оваа година, а бета тестирањето се очекува да биде завршено на 15 јануари, откри денеска за ТАСС прес-службата на енциклопедијата.

Бета верзијата на руската интернет енциклопедија е веќе достапна за читање, од средината на минатата година, а може да се пристапи преку овој линк. Конечната верзија, како што пренесува „Известија“, ќе вклучува технолошки промени во однос на бета верзијата.

Засега на страницата има 1.940.683 статии, а најчитани текстови во фазата на тестирање беа списокот на познати личности кои загинаа во 2023 година , палестинско-израелскиот конфликт, СВО, но и написите посветени на меѓународната изложба и форум. Русија“, најпопуларните филмови во Русија, Москва, претставите во познатиот театар Бољшој итн.

„Рувики“ ќе има посебни тематски целини, ќе вклучува и опција за аудио прераскажување на содржината на написот, видео-секција, подкасти, како и персонализирана содржина. 

Платформата „Рувики“ веќе постои на дури 20 јазици на народите кои живеат во Русија , а се планира во текот на оваа година да може да се чита содржина на уште десет јазици.

Авторите на текстовите можат да бидат и експерти за одредена тема и обични граѓани, но само професионалци се одговорни за проверка на содржината, посочува Рувики. Ако статијата е добро напишана и ако содржи вистинити информации, нејзиното место во енциклопедијата е загарантирано, велат руските власти.

Да потсетиме дека потребата за руска енциклопедија се појави по почетокот на СВО, бидејќи, како што тврди Москва, познатата „Википедија“ дозволува објавување на информации кои Кремљ ги смета за невистинити . Москва е особено незадоволна од ова бидејќи, меѓу другото, се работи за информации поврзани со СВО и руската армија.

Од Советот на Федерацијата на Русија велат дека се очекува да бидат покренати нови тужби против „Википедија“ во Русија, поради непочитување на руските закони и одбивање да се отстрани спорната содржина.