НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: ФУДБАЛСКАТА КАРИЕРА МУ ПРОПАДНА, А ПОТОА ДОЗНАЛ ДЕКА Е ПРИНЦ И НАСЛЕДНИК – НА ОСТРОВ?!

0

Жорди е роден во Барселона, но го променил државјанството кога дознал дека е со кралска крв.

Џорди Амат не и е премногу познат на пошироката јавност. Иако се занимаваше со фудбал и играше, меѓу другите, за Еупен, Рајо Ваљекано, Свонси и Еспањол, неговата кариера не се развиваше во посакуваниот правец, па најмногу го опишуваа како пропаднат фудбалер. Сепак, неговата филмска приказна сега стана светски хит.

Играчот, чии родители се од Каталонија, случајно дознал дека тој е всушност принц и животот целосно му се превртел. Неговата баба е од Индонезија од островот Сиау и е потомок на индонезискиот крал. Како што неговата баба била принцеза на островот, така и Амат е во редот на наследник на самиот остров каде што ќе биде принц. Секако, титулата оди со милионите што му припаѓаат.

Џорди Амат дознал дека е принц
  • Знаев дека постои можност да земам индонезиски документи поради баба ми, а тоа отсекогаш ми било интересно поради нејзините приказни. Ми олесна и бев пресреќен кога станав индонезиски државјанин. Знам дека за некои процесот траеше седум години, изјави Амат, кој објави се на Инстаграм:
  • Благодарение на кралот Џон од островот Сиау. Ова е голема чест за мене и моето семејство. Им благодарам на сите што ме поддржаа. Едвај чекам заедно да ги оствариме нашите соништа, изјави Амат.