НЕВИДЕН УЖАС НА ФРОНТОТ КАЈ БАХМУТ: Ранет војник лежи на бомба и чека непријателот да му се приближи, а соборецот трепери ОД СТРАВ (ВИДЕО)

0

На социјалните мрежи кружи страшна снимка од линијата на фронтот кај Бахмут на која се гледа ранет војник кој се обидува да ги разнесе противниците во воздух .

На краткото и многу вознемирувачко видео се гледа како ранет војник, чија нога е во завои, лежи со лицето надолу на земја. Неговиот другар видно трепери од страв додека им се предава на противниците.

Војникот кој го снима  се приближува со намера да ја извади пушката од ранетиот , но во тој момент гледа дека цело време држи бомба под него.

– Граната – извикал војникот и веднаш испукал рафал кон ранетиот.

Потоа се свртел и почнал да трча додека зад него одекнала експлозија.

Наводно е снимена вознемирувачка сцена на дел од фронтот кај Бахмут.

Во видеото се наведува дека ранетиот бил припадник на руските сили, но тоа не може со сигурност да се потврди бидејќи на униформите нема никакви ознаки.

– Смртта е подобра од срамот. Ранет руски војник се обидел да се разнесе со граната додека чекал да се приближи непријателски офицер. Вечна слава на нашите маченици – се наведува во соопштението.

Засега не се знае точно кога е направена снимката.