„Нека овој свет месец донесе добри дела!“ Вучиќ на сите верници од исламска вероисповед им го честита Рамазан

0

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска упати најискрена честитка до сите верници од исламска вероисповед во Србија по повод почетокот на месецот Рамазан.

– Овој свет месец нека донесе добри дела и да го поминете во здравје, среќа и мир, заедно со вашите семејства – рече Вучиќ.

– Рамазан е месец на милост, простување и благосостојба. Деновите на овој свет месец се поттик да ги зацврстиме нашите меѓусебни врски, да го почитуваме и афирмираме богатството на Србија, кое етничката, културната и верската различност го носи во корист на сите наши граѓани.

– Ramazan šerif mubarek olsun – наведе Вучиќ во честитката.