Нешиќ: Брзото постигнување на договорот меѓу Косово и Србија би ги релаксирало односите на целиот балкански регион

0

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, изјави дека брзото постигнување на договорот меѓу Косово и Србија ќе ги релаксира односите на целиот балкански регион.

За време на посетата на Скопје му порача дека се надева оти Косово и Србија ќе најдат соодветни решенија за спорот за двете земји, а потпишувањето на договорот ќе создаде поголема безбедност во регионот и брзо обединување во Европската унија.

„Ни треба мир, мирот нема алтернатива, сите треба да бидеме во Европската унија и да имаме контакт со сите земји од регионот, да видиме посветеност на Европската унија. Но, за да влеземе во Европската унија, мора да имаме безбедност, стабилност. Уште еднаш го кажувам, мирот нема алтернатива“, изјави Ненад Нешиќ, министер за внатрешни работи на Босна и Херцеговина.