Шаќири: Од септември учениците на Чашка ќе учат на албански јазик

72-те ученици Албанци на Чашца кои од септември учат на македонски јазик ќе учат на албански јазик, вети министерот за образование Јетон Шаќири. Тој најави дека се сретнал со родителите и им ветил дека ова прашање ќе се реши.

До септември јас како министер ви ветувам дека ќе дадам се од себе, ќе одам да се сретнам со родителите. Од септември ветувам дека учениците ќе почнат да учат албански.

Пред денови родителите на 72 ученици по којзнае кој пат собраа потписи и ги испратија до општина Чашка со надеж дека еден ден ќе се реализира прашањето за отворање на паралелата на албански јазик во Чашка.