СДСМ: Во септември пензијата се зголемува за 1.200 денари

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство продолжува да се грижи за сите категории граѓани, рече на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ. Таа додаде дека според проценките, пензиите ќе се зголемат за околу седум отсто, што значи дека просечната пензија во март годинава ќе се зголеми за повеќе од 1.200 денари.

„Од овој месец минималната плата повторно се зголемува и ќе достигне 20.175 денари, односно повеќе од 2.000 денари повеќе од претходната минимална плата која беше 18.000 денари. Според методологијата за изедначување на пензиите, од овој месец ќе се зголемат пензиите за 330.000 пензионери“ – изјави Санела Шкријељ, пратеник на СДСМ.

По неодамнешната одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб, во наредните денови ќе има значително намалување на цените и на другите производи, предупредуваат од Владата. Цената на тестенините се намалува за 15 отсто, а на млечните производи за 10 отсто.