НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА ДА ИГРАМ ЗА РУСИЈА ДОДЕКА ДРЖАВАТА Е ПОД САНКЦИИ: Познатиот фудбалер и поранешен ЗАТВОРЕНИК навлече голем гнев кај сонародниците
Поранешниот фудбалер и репрезентативец на Русија Александар Кокорин изјави дека не помислува да игра за својата земја додека се на сила санкциите.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2023/01/image-205.png)
Неговото интервју за францускиот портал „FootMercato“ предизвика големо внимание во Русија. Бидејќи за време на санкциите одби секаква можност да игра пријателски натпревари за Русија, тој ја коментираше и специјалната воена интервенција на таа земја во Украина.
Александар Кокорин (31) е член на кипарскиот клуб Ариса, а претходно настапуваше за Фиорентина и трите најголеми руски клубови – Спартак, Зенит и Динамо. Играше и за Анжи и Сочи.
На прашањето за можното враќање во руската репрезентација, за која нема играно од 2017 година, Кокорин рече:
- Ќе бидам реален. Репрезентацијата во сегашните услови најверојатно уште долго нема да игра официјален натпревар. Можно е оваа ситуација да трае барем до 2025 година – рече Кокорин и продолжи:
- Под овие услови не сакам да играм за репрезентацијата. Секако, ако ми се јават, ќе разговарам со менаџерот, но сакам да знам зошто сум повикан. Ако е само да се игра пријателски натпревар, мислам дека тоа е повеќе за младите играчи отколку за мене. Доколку имаме официјален натпревар, секако, многу сакам да се вратам во репрезентацијата. Да се носи дресот на руската репрезентација е неверојатно чувство, но не во оваа ситуација.
Александар Кокорин го изрази својот став за конфликтот меѓу Русија и Украина
-По ова прашање можам да кажам дека не можам да влијаам на тој конфликт. Затоа, веројатно е подобро да сметам дека не е моја работа. Како што знаете, мојата работа е да играм фудбал, да играм фудбал на Кипар. Само за тоа треба да размислувам – изјави Кокорин.
Александар Кокорин и денес е најскапиот руски фудбалер, откако неговиот трансфер од Динамо Москва во Анжи од Махачкала изнесуваше 19.000.000 евра. Сепак, тој никогаш не играше за Анжи, бидејќи беше повреден, а кога се опорави, клубот банкротира. Потоа се пресели во Зенит, а за Русија играше на две европски првенства во 2012 и 2016 година, како и на Светското првенство во 2014 година.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2023/01/image-207.png)
Тој се најде во центарот на вниманието на руската и светската јавност есента 2018 година, кога заедно со фудбалерот на Краснодар, Павел Мамаев, во ресторан претепаа функционер на руската влада. Двајца фудбалери го претепале политичарот со стол и му нанеле тешки физички повреди, притоа навредувајќи го на национална основа.
Целиот инцидент го снимила камера од ресторан во Москва, а фудбалерите се уапсени. Кокорин беше осуден во мај 2019 година на една година и шест месеци затвор. Со оглед на времето поминато во истражен затвор, тој беше пуштен на условна слобода во септември 2019 година.