“НЕ СУМ ПОДГОТВЕН ДА УМРАМ ЗА УКРАИНА!“ – Владимир Кличко зборуваше за војната во неговата татковина и си ја отвори душата

Поранешниот светски шампион во бокс, Владимир Кличко, брат на актуелниот градоначалник на главниот град на Украина, Киев, зборуваше за војната во неговата татковина.

Владимир Кличко беше во посета на Германија, а таму даде интервју за телевизијата ZDF. На прашањето зошто не е на фронтот, тој го даде следниот одговор.

Не сум подготвен да умрам за државата. Подготвен сум да живеам за неа, а тоа е потешко е од умирање“, одговори тој.

Според него, разликата меѓу Русите и Украинците е во тоа што Русите се мобилизирани, а во вооружените сили на Украина, како што вели тој, главно се борат доброволци.

Украинците се различни… Повеќето од луѓето кои се на нашиот фронт не се мобилизирани“, тврди Владимир Кличко.

Владимир Кличко, заедно со неговиот брат Виталиј, неколку пати облече униформа и отиде на фронтот, каде што се фотографираше и направи видео со украинските војници.