Нивото на водата во Охридското Езеро повторно над просекот

0

По повеќе од половина година постојана негатива Охридското Езеро се враќа во кондиција, кога станува збор за неговиот водостој.

Денешните мерења покажуваат дека нивото на водата во езерото е на котата 693.61 метри надморска визочина, што е три сантиметри на просекот за месец јули (693.58 м.н.в). 

Температурата на водата изнесува 19 степени Целзиусови, што се уште речиси три степени под месечниот просек.