Новинарот Ал-Харби: УЕФА може да го покани Ал-Наср во Лигата на шампионите

 – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја разгледува опцијата да го покани Ал-Наср да учествува во Лигата на шампионите во сезоната 2024/25.

– УЕФА има намера да упати покана до клубот Ал-Наср да учествува во Лигата на шампионите во 2024 година, бидејќи тој е еден од трите најпопуларни фудбалски клубови и има голема популарност на европскиот континент, објави новинарот Али Ал-Харби на социјалните мрежи.

На 16 август „Corriere dello Sport“, објави дека клубови од Саудиска Арабија сакаат да добијат вајлд-карта за учество во Лигата на европските шампиони.

На 19 август „Foot Mercato“ истакна дека УЕФА ја отфрли можноста клубовите од Саудиска Арабија да се натпреваруваат во Лигата на шампионите.