НОВО ЗАМИНУВАЊЕ ОД ЕВРОПА – Нејмар на лекарски прегледи, комплетиран е новиот мегатрансфер во Саудиска Арабија

Една од најголемите ѕвезди на европскиот фудбал, Нејмар реши да го замени Стариот континент со Азија, бидејќи негов нов клуб ќе биде Саудискиот Ал-Хилал.

Продолжуваат бројните заминувања на најдобрите играчи од Европа во Саудиска Арабија. Според бројни релевантни извори и медиуми, Нејмар е новиот играч на Саудиска Ал-Хилал.

Бразилецот утрово пристигна на лекарски прегледи и ќе потпише двегодишен договор со саудискиот клуб. Според еминентниот Дејвид Орнштајн, клубовите се договориле.

Пари Сен Жермен ќе добие 90 милиони евра обештетување за играчот кој на Барселона и беше исплатен 222 милиони евра. Бидејќи му останаа уште две години од договорот со Парижаните, тие не можеа да вратат ниту повеќе од вложените пари што и ги дадоа на Барселона во 2017 година за неговиот трансфер.

Веста ја потврди и Sky Sports кој објави дека Бразилецот денеска ќе потпише двегодишен договор со Ал-Хилал. Тоа е само едно од низата големи пристигнувања во саудискиот фудбал ова лето, но и конечна „цел“ на Ал-Хилал во обид да ги донесе ѕвездите на ПСЖ. Пред тоа не успеаја да ги доведат Килијан Мбапе и Лионел Меси и покрај неверојатните финансиски понуди.

Така, Нејмар им се придружи на многуте големи ѕвезди кои Европа ја заменија со Азија. Таму веќе го чекаат Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Марсело Брозовиќ, Роберто Фирмино, Н’Голо Канте…