Нов самит на лидерите на Западен Балкан! Ковачевски ќе ги пречека Вучиќ, Курти, Рама, Милатовиќ: Еве со кого Премиерот ќе има билатерални средби

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во понеделник, на 22 јануари, ќе учествува на самитот на лидерите на Западен Балкан за Планот за раст на тој регион, кој беше одобрен од Европската комисија, дознава Танјуг во Претседателството на Србија. Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Покрај Вучиќ, на средбата ќе присуствуваат и албанскиот премиер Еди Рамa, претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, премиерот на Косово, Албин Курти, како и генералниот директор на Директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување Герт Јан Копман.

Присуството на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан, претставници на регионалните организации, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Инвестицискиот форум на Коморите на Западен Балкан, УСАИД, како и некои меѓународни финансиски институции, исто така ќе бидат присутни на состанокот.

Лидерите на Западен Балкан се собраа оваа недела на Светскиот економски форум во Давос, каде што учествуваат повеќе од 100 претставници на земји, сите големи меѓународни организации, 1.000 партнери на Светскиот економски форум.

За време на Самитот на лидерите на Западен Балкан, Преемиерот на РСМ Димитар Ковачевски ќе има низа билатерални средби со светски и европски претставници, како и со бројни претставници на меѓународни организации, финансиски институции и водечки светски компании.