Украинските власти денеска објавија видео на кое се гледа како руски војник во областа Бахмут сигнализира дека сака да се предаде. Според портпаролот на МНР, Олександер Шерба, украинската војска му испратила порака да го следи дронот, што и го направил, иако Русите пукале по него. Тој додаде дека војникот сега е во украински притвор.
Да потсетиме, украинската единица објави дека принудила повлекување на руската пешадиска бригада од областа кај Бахмут, што ја потврди неодамнешната изјава на лидерот на руската платеничка група Вагнер дека руските сили побегнале. Москва не ги коментираше извештаите од ниту една страна дека 72-та одделна моторизирана пушкачка бригада ги напуштила своите позиции во југозападните предградија на Бахмут.