Објавен јавен повик за реконструкција на улицата ,,Илинденска” во беровското село Ратево

Во Берово објавен јавниот повик за доделување договор за јавна набавка за реконструкција на улицата „Илинденска” во село Ратево.

Инвестициите во патната мрежа како што истакнаа од општината се неопходни за создавање подобри услови за живот на граѓаните, напоменувајки дека реконструкцијата ќе се реализира со средства од Министерството за транспорт и врски, со поддршка од Светска Банка.

-Проектот ќе се реализира, во рамки на проектите за развој на модерна инфраструктура, во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци, кои се рализираат со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, со поддршка од Светска Банка. Примарен фокус на овие проекти е регионалното поврзување со посебен прироритет на локалните патни правци, со цел забрзан локален развој и модернизација на македонските општини, информираат од општината.

Очекуваме дека реконструкцијата на оваа улица, ќе обезбеди поголема безбедност и подобра патна комуникација за жителите од село Ратево.

-Со самата реконструкција се олеснува пристапот на жителите до нивните имоти и во значителни размери ќе го подобри квалитетот на живот, додадоа од Општина Берово.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изрази благодарност до Министерството за транспорт и врски за можноста за реализација на вакви проекти, со кои се обновува патната инфаструктура, во населените места.