ОВА БЕБЕ ИЗГОРЕЛО ДО СМРТ ОТКАКО ЕКСПЛОДИРАЛ РАДИАТОР – Таткото со скршено срце: „Некој мора да одговара“
Уништениот татко на момчето кое трагично било изгорено до смрт во своето креветче од ненадејна експлозија на пареа од радијатор во стан во Бруклин, бара некој да одговара за трагедијата.
Единаесетмесечниот Бинџомин Куравски почина минатиот петок откако се здобил со критични изгореници од неисправен радијатор кој испуштал пареа во неговата спална соба додека спиел.
Бинџомин бил итно пренесен во Медицинскиот центар каде била констатирана смрт.
Александар Куравски, таткото на момчето, за „Њујорк пост“ изјави дека некој мора да сноси одговорност за да не се повтори тоа никогаш.
- Зградите, новите и старите бараат внимателна, доследна, правична проверка… А единствениот начин да се оствари тоа е да се има одговорност – рече тој.
Куравски (36) не е сигурен кој е одговорен за несреќата.
Апсолутно луѓето мора да одговараат бидејќи има милиони луѓе кои живеат со парни радијатори, а многу од нив имаат и деца и бебиња во своите домови – рекол таткото на починатото момче.
- Сакам луѓето да разберат дека Бинџомин Захарија Куравски беше момче кое правеше се од среќа. Првпат ме направи родител, мојата сопруга првпат мајка, а родителството го направи лесно, толку лесно – додаде тој.
Куравски и неговата сопруга Беси (27) се родители на едномесечни ќерки близначки. Тој нема да се врати во својот стан во Мидвуд.
-Немаше грчеви, никогаш не се жалеше, беше среќно, енергично, младо момче со неверојатна смисла за хумор – го опишал Куравски својот син.