Ова е еден од најбараните луѓе во Европа! Полицијата конечно го лоцираше, „бејбифејс“ – нарко босот снимен во црква на богослужба: Еве каде се крие сега!
Еден од најбараните луѓе во Европа, холандскиот криминалец Јос Лејдекерс, според тврдењата на холандските обвинители, се крие во Сиера Леоне.
Изјавата дојде откако холандските медиуми објавија снимка на која наводно се гледа шверцерот на дрога на новогодишната миса, како седи во близина на претседателското семејство во Сиера Леоне. Информативната канцеларија на Сиера Леоне соопшти дека ги истражува тврдењата дека Лејдекерс уживал заштита на високо ниво.
Лајдекерс, кој е на листата на најбарани Холандија и Европол, беше осуден во отсуство на судот во Ротердам во јуни минатата година на 24 години затвор за шверц на шест пратки кокаин со вкупна тежина од 7.000 килограми, вооружен грабеж во Финска и нарачување убиство. Во септември минатата година, белгискиот суд го осуди на 10 години затвор за трговија со дрога и насилство.
Холандската полиција го поврзува и со исчезнувањето и сомнителните мачења и убиство на Наима Џилал, жена која исчезна во Амстердам во 2019 година. Холандските новинари открија дека 33-годишниот Лејдекерс се крие во Сиера Леоне и објавија видео на кое, како што тврдат, може да се види на миса, како седи два реда зад претседателот на Сиера Леоне, Јулиус Маада Био.
Ројтерс, кој ја потврди автентичноста на видеото, објави дека Лејдекерс седел покрај жена за која се вели дека е ќерката на претседателот, Агнес. Холандското обвинителство не ги потврди тие тврдења. Во соопштението на Министерството за информации на Сиера Леоне се наведува дека полицијата на земјата е подготвена да соработува со холандските власти, Интерпол и другите меѓународни агенции за спроведување на законот.
Министерството, исто така, наведе дека претседателот Био присуствувал на бројни семејни собири за време на празниците и дека „немал знаење за идентитетот или околностите на лицето споменато во извештаите“.
Награда
Лајдекерс, еден од водечките актери во меѓународната трговија со кокаин, според податоците од листата на најбарани на Европската унија, е одговорен и за перење на десетици милиони евра и стотици килограми злато.
Холандските обвинители соопштија дека Лајдекерс е во Сиера Леоне најмалку шест месеци и дека нивен приоритет е да го екстрадираат во Холандија за да ја издржи казната. Тие понудија награда од 200.000 евра за информација што ќе доведе до негово апсење.
Паралелни истраги
Во понеделникот се појавија вести за апсењето на поранешниот белгиски фудбалер Раџа Наинголан како дел од истрагата за шверц на кокаин во Европа. Кокаинот наводно бил прошверцуван преку пристаништето Антверпен, соопшти бриселското обвинителство, додавајќи дека во понеделникот во рамките на истрагата биле извршени 30 претреси на домови. Вообичаено е да не се откриваат имињата на осомничените, туку само нивните иницијали.
Сепак, белгиските медиуми објавија дека се работи за Наинголан. Неговиот адвокат за весникот „Ле Соар“ изјави дека е на пат кај својот клиент и дека во моментов нема конкретни информации за обвиненијата.