Ова е највисоката температура која некогаш е измерена во Европа: Еве каде е соборен страшниот рекорд, а измерен е…

Метеоролошката агенција на Обединетите нации (UN) денеска потврди дека температурата од 48,8 степени Целзиусови измерени на Сицилија пред повеќе од две години е највисоката температура забележана во историјата на Европа.

Светската метеоролошка организација објави дека оваа температура на Сицилија е забележана на 11 август 2021 година, во време кога температурите во голем дел од Европа биле во пораст, пренесува АП.

Таа температура го надмина претходниот европски рекорд од 48 степени Целзиусови, што беше забележан во грчките градови Атина и Елефсина во јули 1977 година.

Рандал Сервени, кој известува за климатските и временските екстреми до Светската метеоролошка организација, рече дека потврдата за оваа температура уследила по долгата истрага која барала „внимателна анализа“ од агенцијата.

Луѓе кои се разладуваат со вода на екстремни температури

– Оваа анализа ја потврдува алармантната тенденција на нови, рекордно високи температури во одредени делови од светот – рече Сервени.

Минатата година, како што објави Службата за климатски промени Коперник на почетокот на месецот, беше најтоплата откако беа измерени глобалните температури во 19 век, а најверојатно во последните 100.000 години.