ОВА Е НАЈСКАПИОТ ПАРФЕМ ВО СВЕТОТ – чини повеќе од милион долари а НЕГОВИОТ МИРИС ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 20 ДЕНА (ВИДЕО)
Во Гинисовата книга на рекорди е влезен како парфем на чие шишенце има најмногу дијаманти во светот, поточно 3.500. Направен е од Асгар Адам Али, сопственик на компанијата Nabeel Perfumes. За првпат е претставен во 2019 година во хотелот Армани во Дубаи.
Shumukh има и бисери, 2,5 килограми 18-каратно злато и 5,9 килограми чисто сребро. Имало 490 обиди за да се дојде до идеалниот мирис. Неговиот мирис трае повеќе од 12 часа откако ќе го нанесете на кожата.
Доколку го нанесете на ткаенина може да трае до 20 дена. Парфемот е унисекс.