ОВА СЕ СИТЕ ЖЕНИ НА РОНАЛДО! Славниот Бразилец пред олтарот ја однесе 14 години помладата манекенка, а еве кого се сакаше пред неа (ФОТО)

0

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио Де Лима (47) се ожени по четврти пат.

Неговата избраничка е моделот Селина Локс, која е 14 години помлада.

Својата врска која трае од 2015 година, двајцата ја крунисаа со луксузна венчавка на Ибица.

Првата сериозна врска на популарниот фудбалер беше со атрактивната бразилска актерка Сузана Вагнер. Заедно живееле две години, но наместо да се венчаат, раскинале.

Првиот брак на Роналдо беше „колегијален“. Тој се ожени со фудбалерката Милена Домингез, но тој брак се распадна по четири години.

Но и тоа е долг временски период во споредба со вториот брак кој траеше само три месеци. Роналдо и ТВ водителката Даниела Цицарели направија луксузна венчавка во Франција, но свадбените балони траеја подолго.

Познатиот фудбалер можеше и порано да се ожени со Марија Беатрис, но свршувачката ја раскина поради уцена на тројца травестити. Меѓутоа, кога сè се смири, тие успеаја да се венчаат и да живеат хармонично додека Марија не побара развод. Причината – откриено е дека Роналдо има вонбрачно дете со бразилска келнерка во Токио.

Конечно се смири со Селина Локс со која се вери пред шест месеци додека беше на одмор во Доминиканската Република.

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо од претходните бракови, веридби, врски и авантури има четири деца – најстариот син е Роналд (23), а потоа следат Александар (18), Марија Софија (14) и Марија Алиса (13).