Овие домашни растенија го штитат вашето здравје: можат да ги отстранат токсичните материи во рок од 24 часа без да знаете
Покрај украсувањето на домот, растенијата во затворен простор се и одлични чувари на здравјето .
Го прочистуваат воздухот, го намалуваат стресот, шират позитивна енергија, ги елиминираат непријатните мириси и бараат само малку време и внимание од вас.
Експертите велат дека одредени цвеќиња во рок од 24 часа можат да отстранат до 90 проценти од токсичните материи од просториите во кои живеете и работите. Ако сте љубител на домашни растенија, одгледувајте ги оние растенија кои го прочистуваат воздухот.
Јазик на свекрва – Иако има необично име, неговата специјалност е претворање на јаглерод диоксид во кислород. Совршено е за спални соби.
Ѓаволски бршлен – Најдобро е да го чувате во дневната соба или во просториите каде што престојуваат многу луѓе бидејќи е одличен за филтрирање на штетните органски соединенија од воздухот.
Зелен крин – Го отстранува формалдехидот, кој најчесто се наоѓа во средствата за дезинфекција и дезодоранси, па не би било лоша идејата да го чувате ова растение во бањата.
Spathiphyllum – растение познато по тоа што ја апсорбира радијацијата што ја испуштаат компјутерите и телевизорите, па затоа е препорачливо да се чува во дневната соба или канцеларијата.