Овие четири хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа на 19. мај! Денешниот ден ќе го паметите долго – сите работи ќе тргнат по вашиот план

0

Кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа на 19. мај, кога младата месечина ќе влезе во знакот на Бик.

Ако верувате дека има магични датуми за пролетта 2023 година, тогаш според астролозите тоа е 19. мај, кога младата месечина е во Бик. Токму на тој ден започнува новиот циклус на Месечината и се случува во врска со Јупитер! Оваа планета во астрологијата е позната по својата дарежливост и раскошни подароци, а новата Месечина едноставно ќе ја истакне оваа особина и ќе отвори ковчег со богатство!

Сите знаци од хороскопот ќе доживеат финансиски бум, а желбата за хедонизам и потрагата по уживање ќе се прошири од 19. мај до целата 2023 година!

Овој поволен аспект најмногу ќе влијае на четирите знаци од хороскопот кои ќе имаат најголема корист од него.

ОВЕН

Нова месечина се случува на полето на финансиите, очекувајте нов прилив на пари. Може да добиете големо зголемување на платата во овој период или да дојде до проширување на бизнисот што ќе доведе до значително зголемување на богатството. Исто така, вашата репутација во општеството расте, а другите ќе разберат колку сте силни и успешни. Очекувајте подарок или награда која ќе потврди дека другите многу ве ценат. 

БИК

Младата месечина е во вашиот знак, што значи дека вашиот живот целосно се менува. Превртувате нов лист. Јупитер и уште пет планети во соѕвездието Бик буквално ќе ве стават во центарот на вниманието. Веројатно ќе започнете некој важен нов циклус во вашиот живот – во врските, во изгледот, професијата… Можеби ќе добиете подобар статус во општеството, подобра позиција на работа. Започнува нова фаза во животот, но не грижете се, тоа е се што сте сонувале. 

ШКОРПИЈА

Младата месечина се појавува на вашето љубовно поле. Ќе запознаете весела, квалитетна личност која исто така е многу успешна и со која има големи шанси да стапите во врска. Дополнително, истата нова Месечина се поврзува и со подобрување на работната средина, веројатно ќе добиете нов подобар договор за работа. Зафатените Шкорпии ќе започнат некој важен циклус во врската. Ќе одлучите да започнете да живеете со партнерот, да се омажите, а можно е и да го прекинете бракот. Што и да е, тоа ќе биде најдобрата можна одлука за во иднина. 

ЈАРЕЦ

Младата месечина се случува на вашето поле на лична работа, но и на љубовта. Ако веќе не сте, постои голема веројатност да започнете сопствен бизнис или да заработите пари од хоби. Постои голема веројатност дека и вие ќе се заљубите. Запознавањето со прилично успешна личност прво ќе доведе до работа на заеднички проект, а потоа до романса. За Јарците кои сонуваат за бременост, нивната желба би можела да се оствари. Енергијата на 19. мај ќе направи да се чувствувате позитивно.