Овој град е најпосетуван на југот на Италија: Има повеќе туристи отколку локални жители

Во Јужна Италија во текот на 2022 година престојувале пет милиони туристи, од кои 52 отсто Италијанци, а 48 отсто гости од странство, се наведува во извештајот на институтот „Свимез“.

Извештајот го истакнува резултатот на Неапол, единствениот град во јужна Италија каде што имало повеќе странски туристи од Италијанци во 2022 година, пренесува АНСА.

Според овој извештај, 70 отсто од општините во италијанскиот регион Кампанија се туристички, со текови главно апсорбирани од провинциите Неапол и Салерно.

Поточно, во текот на 2022 година, Кампанија е првопласирана покраина на југот на Италија, со 22 отсто пристигнувања туристи, пред Пуља со 20 отсто, Сицилија со 19 отсто и Сардинија со 18 отсто.

Неапол и неговата покраина учествуваат во ова со 65 отсто од туристичкото присуство, а потоа следува Салерно и неговата покраина со 27 отсто.

Овие податоци укажуваат на заклучокот дека Кампанија го надминала шокот што се случи за време на пандемијата на Ковид 19, иако присуството на туристи е сè уште за 19,4 проценти помалку од 2019 година, а се наведува дека, според податоците, состојбата е подобрена во 2023 година. исто така, пренесува АНСА