Apple потврди: Нема да има нов модел

Apple ги отфрли обвинувањата кои со недели кружат за воведување на нов компјутер iMac.

Starlane Meza, претставник за односи со јавноста на Apple, потврди за The Verge дека Apple не планира да произведува нова верзија на 27-инчниот iMac со чипот M3.

Во изминатите недели се појавија гласини дека Apple ќе претстави 27-инчен M3 iMac, откако компанијата неодамна лансираше 24-инчен iMac со M3 процесор.

Сепак, тоа се нема случено до денес, а сега е потврдено дека нема да видиме таков уред.

Meza предлага корисниците на кои им е премал 24-инчниот iMac, да можат да го поврзат 27-инчниот студиски дисплеј со Mac Studio или Mac Mini за да добијат повеќе работен простор.

27-инчниот Apple iMac долго време е водечки модел на компанијата за професионални корисници, за уредување фотографии и видео и други креативни задачи.