Зеленски: Разбирливо е Украина да не може да биде членка на НАТО додека трае војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „разбирливо“ што Украина не може да стане полноправна членка на НАТО додека трае војната – нагласувајќи дека тоа е „апсолутно јасно“

Зборувајќи пред новинарите на самитот на НАТО во Литванија, во присуство на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Зеленски истакна дека „тој апсолутно ги разбира партнерите кои и помагаат на Украина… и дека ова е момент на опстанок… и разбира дека некои Се плашат да зборуваат за членството на Украина, бидејќи никој не е подготвен за светска војна, логично е“.

„Украина јасно разбира дека сојузниците му помагаат на Киев со оружје и дека тоа е важен сигнал дека членството беше споменато на самитот на НАТО“, додаде Зеленски.

Од друга страна, Столтенберг на оваа конференција го објави трипартитниот пакет за Украина, како и најави дека Украина не може да биде членка додека траат борбите.

Инаку, борбите во Украина продолжуваат, со секојдневни извештаи за загинати и масовно уништување на украинските градови.