Освои планина од трофеи, играше за најголемите фудбалски гиганти а денес Арјен Робен најде нова љубов: “Скршен сум, но успеав!“

0

Не е невообичаено професионалните фудбалери да не знаат што да прават со себе по завршувањето на кариерата, а на многумина им треба малку повеќе време за да се прилагодат на новата реалност каде што веќе нема секојдневни тренинзи, специјална диета, карантин, патувања инт…

Еден од оние кои немаат такви проблеми е легендарниот Холанѓанец Арјен Робен, одличното левоножно крило кое има освоено бројни трофеи и индивидуални награди. Најголем дел од кариерата тој го мина во Баерн Минхен, а претходно играше во ПСВ, Реал Мадрид и Челзи.

Тој се пензионираше пред неполни две години во Гронинген, каде ја започна својата кариера, но тешко може да се каже дека му е здодевно во животот, односно дека не знае што да прави со себе. Минатиот викенд Робен го истрча маратонот во Ротердам и тоа со одлично време.

39-годишниот Робен ја завршил тешката делница долга 42 километри за помалку од три часа. Поточно, за два часа, 58 минути и 33 секунди. На истата трка прв пат учествуваше тој минатата година, кога постигна време од 3:13:40 минути. Рекордер на маратонот во Ротердам е Башир Абди со 2:03:36, а светски рекордер е Тики Гелана со време 2:18:58.

Очигледно во меѓувреме Холанѓанецот многу тренирал, бидејќи една година подоцна стигнал до целта 15 минути порано. Во просек, за да помине еден километар му требаа нешто повеќе од четири минути, а меѓу 16.837 учесници тој го освоил 1189. место.

Скршен сум, но успеав. За спринтер како мене, ова е многу голема дистанца. Но, сакам спорт и предизвици. Повеќе не сум врвен спортист, но можам да кажам дека мислам дека е врв кога трчаш маратон под три часа. Тоа е блиску до освојување на голем трофеј во фудбалот. Одлично, и јас го постигнав тоа“, изјавил Робен, чии зборови ги пренесува The Sun.