ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА – Посрамената фудбалска ѕвезда повторно ја промени изјавата: “Лажев поради мојата сопруга, но…“ – што се случува со Дани Алвеш !?

Фудбалската-ѕвезда Дани Алвеш (39 г.), кој од јануари е во притвор во Барселона, во понеделникот пред судот изјави дека девојката која го обвинила за силување доброволно се согласила на сексуален однос, објави шпанската телевизија RTVE, повикувајќи се на до извори од судот.

Поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона, Јувентус и ПСЖ во претходната изјава тврдеше дека воопшто немало никаква случка во дискотека во Барселона на 30. декември.

Во понеделникот Дани Алвеш на судијата му кажал дека тогаш лажел за да го скрие неверството од сопругата, но сега ја кажува вистината бидејќи во меѓувреме сопругата му побарала развод.

Неговото сведочење траело 20 минути и било затворено за јавноста.

Дани Алвеш нагласил дека е невин, соопштиле неименувани извори од судот за споменатата телевизија.

Фудбалерот во декември отпатувал за Барселона откако заедно со Бразил беа елиминирани од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство кое се одигра во Катар. Тој има куќа до Барселона, бидејќи играше и ги бранеше боите на клубот од „Камп Ноу“.

Откако една девојка го обвини дека ја силувал во тоалет во дискотека, тој на 20. јануари беше уапсен од полицијата. Судијата го одби барањето на неговиот адвокат за условно ослободување. По неговиот притвор, неговиот тогашен клуб, Пумас, го раскина неговиот договор.

Судењето во Барселона продолжува, а се уште не се знае кога ќе биде следното рочиште.