ОТКРИЕНО МЕНИТО НА НАЈУБАВАТА КРАЛИЦА НА СВЕТОТ, ЖЕНИТЕ СЕ ЛУДИ ПО ОВАА ДИЕТА: Има 50 години и изгледа како ДЕВОЈКА

0

Таа ги следи правилата на д-р Николас Периконеа.

Кралицата Летиција има беспрекорна фигура, а сега е откриено на што се базира нејзината исхрана.

Таа ги следи правилата на докторот Николас Периконе, а благодарение на нив има совршена тежина. Овој план на исхрана е многу едноставен и ефикасен.

Исхраната на Периконе се заснова на внесување на 3 вида храна: свежа риба, зеленчук богат со железо и храна богата со протеини.

Секој што ја следи неговата диета мора да пие три литри вода дневно, а кралицата со задоволство одредена количина ќе замени со зелен чај. Овој тип на исхрана делува и на подмладување, а не само на слабеење.

Дури и во оваа диета, појадокот е најважниот оброк во денот, а Летиција обично се одлучува или за омлет од 3 јајца или за парче лосос. Ако е многу гладна, додава и парче тост, но многу ретко.

За ужина јаде јаткасти плодови, јогурт, овошје или маслинки. Ручекот се состои од 200 гр пилешко или мисиркино месо или риба на скара, со многу зеленчук.

За вечера јаде парче сирење и многу зеленчук.