ОТРОВEH МОНСТРУМ ИСПЛИВАЛ ОД МОРЕТО! Експертите веднаш се огласија и ги предупредија посетителите на плажата: Бидете колку може подалеку (ФОТО)

Жителите на Квинсленд на плажата ги пречека огромна морска змија која се излеала на песокот.

Голема морска змија Стоукс била пронајдена рано минатиот четврток наутро на популарна локална плажа, при што фаќачот на змии Стјуарт Мекензи предупредуваше на нивното „многу отровно“ каснување. Црно-белиот рептил бил приближно 1,2 метри во должина и околу пет сантиметри во обем.

– Тие се природно прилично големи змии, но ова беше прилично крупна единка во овој дел – откри Мекензи.

Локалните жители биле подеднакво шокирани и зачудени од големината на животното кое изгледало дека е повредено.

– Не знаев дека имаме такво суштество меѓу нас – изјавил еден корисник на социјалните мрежи.

– Изненаден сум од големината иако знам колку големи можат да бидат морските змии. Нејзината глава е огромна – вели друг корисник.

„Никогаш повеќе не пливам на Sunshine Beach“, напишал еден корисник откако дознал дека има огромни морски змии.

Морските змии на Стоукс се меѓу најголемите и најмасивните од сите морски змии и можат да достигнат два метри во должина и 26 см во обем, според Одделот за животна средина и вода. Фактот дека тие се агресивни и познати по тоа што напаѓаат неиспровоцирано звучи алармантно.

Морските змии се чести во северните води на континентот.

Мекензи ги потсети посетителите на плажа да избегнуваат да допираат змија ако забележат една на брегот или на друго место.

– Ако видите морска змија на плажа додека пешачите само држете безбедно растојание. Држете ги децата и миленичињата подалеку од него, а потоа само повикајте го вашиот локален ловец на змии – вели експертот.

Мекензи додава дека отровот на морската змија е силен, но дека не се направени многу студии за да се знаат нејзините ефекти.

– Сигурно дека ситуацијата не би била добра – предупреди експертот.