Почина Тревор Френсис, првиот англиски фудбалер со милионски трансфер

 Поранешниот англиски фудбалер Тревор Френсис почина денеска во шпанскиот град Марбеља на 69-годишна возраст од срцев удар, јави Би-Би-Си.

Френсис беше првиот англиски фудбалер во историјата за чиј трансфер беше платено еден милион фунти, кога во 1979 година премина од Бирмингем во Нотингем Форест.

„Ова за сите нас е голем шок. Сите сме многу вознемирени. Беше и легендарен фудбалер и исклучително добра личност“, соопшти неговото семејство.

Френсис со Нотингем Форест освои две европски титули (1979, 1980), а за англиската репрезентација настапи на 52 натпревари постигна 12 голови.