Aрмијата на Мали и руските платеници извршиле злосторства врз цивили, тврди „Хјуман рајтс воч“

Армијата на Мали, заедно со платеници поврзани со руската платеничка група Вагнер, извршиле егзекуции, грабежи, принудни исчезнувања и други злосторства за време на воените операции во централниот дел на Мали, соопшти денеска организацијата „Хјуман рајтс воч“.

Според сведоците, злосторствата вклучуваат убиства на најмалку 20 цивили, меѓу кои жена и шестгодишно дете, за време на операција во регионот Мопти од страна на десетици малиски и „бели странски војници“.

Организацијата соопшти дека злосторствата биле извршени во текот на воена операција спроведена како одговор на присуството на екстремистички групи во регионите Мопти и Сегу и сите освен вклучувале странски вооружени лица кои не зборувале француски и биле опишани како „бели“, „Руси“ или „Вагнер“, се вели во извештајот.

Повеќето од убиените, затворените или исчезнатите потекнуваат од етничката група Фулани.