И паметна и убава: Никој не зборува за грчката принцеза, таа е секогаш во сенка на Кејт Мидлтон и Меган Маркл

Принцезата Марија Олимпија од Грција и Данска (27) е член на едно од најугледните европски кралски семејства. Сепак, за неа ретко се зборува во медиумите, таа секогаш е во сенка на британската војвотка Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Марија Олимпија неодамна се појави на Модната недела во Њујорк на ревијата на познатата дизајнерка Каролина Херера. Грчката принцеза облече интересна облека за оваа пригода – краток кроп-топ со жолти цветни мотиви. Својата комбинација ја комплетираше со црни панталони со висок струк.

Фото: Profimedia

Која е Марија Олимпија?

Принцезата Олимпија е модерна благородничка која ужива во луксузот на својата круна, но ги разбира и проблемите на обичниот свет. Таа не е во центарот на вниманието на светската јавност и медиумите, но неодамна даде ексклузивно интервју за Венити фер. По тој повод беше направен моден едиторијал, а принцезата откри и детали од приватниот живот.

„Јас сум принцеза затоа што ја носам таа титула, но во исто време сум и некој кој води сосема нормален живот“, изјавила таа. Иако води сосема нормален живот, Олимпија има некои ограничувања. Како што вели, мора да биде пристојна 24 часа на ден, а објавувањето фотографии на Инстаграм ја прави нервозна.

Грчко-данската принцеза Марија Олимпија е родена во Њујорк на 25 јули 1996 година.

Грчкото кралско семејство во еден момент се преселило во Лондон, каде принцезата го поминала поголемиот дел од своето детство. По неа се родени принцовите Константин-Алексиј, Ахил-Андреја, Одисеј-Кимон и Аристидис-Ставрос.

Познато е дека дипломирала на њујоршката школа за дизајн Парсонс во 2016 година. Дипломирала и на Галатин школата за индивидуални студии за моден бизнис и маркетинг на Универзитетот во Њујорк. Интересно е што Олимпија не зборува грчки.

Што се однесува до нејзиниот љубовен статус, таа веќе извесно време е во врска со Перегрин Персон, син на угледно семејство од Висконсин, но се уште не планира свадба.