Памела Андерсон откри зошто повеќе не се шминка: „Тоа беше трагедија по која реков не“

Актерката Памела Андерсон неодамна присуствуваше на традиционалната модна недела во Париз, а јавноста беше шокирана од фактот што ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ се појави без трошка шминка.

Секако, медиумите веднаш побрзаа со прашања, а актерката со задоволство ја коментираше нејзината одлука.

„Деновиве (на оваа возраст) не треба ништо да правите. Станувам и се случува се што се случува на моето лице. Сè почива во прифаќањето на себеси. Ова е поглавјето од мојот живот во кое се обидувам да се зајакнам. Понекогаш може да биде тешко, особено кога треба да се убедите себеси дека сте добро и дека сте доволно и убави. Бркањето младост е недостижно. Никогаш нема да го вратите времето, затоа уживајте во она што го имате сега“, вели таа.

Во интервју за „Ел“, Памела објасни зошто престанала да се шминка. Нејзиниот став кон производите за убавина и нега значително се промени по смртта на нејзиниот шминкер Алексис Вогел, кој почина од рак на дојка во 2019 година.

Таа беше најдобра. Кога си замина, сфатив дека за мене е најдобро да не се шминкам. Без шминка се чувствувам слободно и малку како бунтовник. Забележав дека многу луѓе се повеќе се фокусираат на шминката и техники, а јас моментално работам сосема спротивно. Сите изгледаме малку смешно кога ќе остариме. Понекогаш се смеам кога ќе се погледнам во огледало затоа што мислам – леле ова ми се случува“, изјавила Памела Андерсон.

Фото: Profimedia