Пендаровски: Им посакувам лесни Рамазански пости на сите верници од исламска вероисповед

 – Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва, преку својот фејсбук профил, им посака лесни Рамазански пости на сите верници од исламска вероисповед.

Пендаровски објави и фотографии од семејството Мамути, кај кое бил на ифтарска вечера.

-Во најсветлиот месец во исламот, кој го слави духовното и телесното прочистување, на сите верници од исламска вероисповед им посакувам лесни Рамазански пости и деновите на постот да ги поминат во мир, благосостојба и простување. Им благодарам на семејството Мамути за топлиот прием и споделувањето на ифтарската вечера, напиша Пендаровски на својот фејсбук профил.