Песков: Испораките на ракети со долг дострел за Киев ќе доведат до ескалација на тензиите

0

Западот зборува за човековите права и европските вредности само кога им одговара, рече портпаролот на Кремљ.

Снабдувањето на Киев со проектили со дострел од 500 километри и повеќе ќе доведе до уште еден пресврт во спиралата на тензијата, затоа Русија треба да биде поприсебна и посилна за да го продолжи започнатото, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Нивото на тактичко-технички карактеристики на оружјето што се користи постојано се зголемува. Сега веќе го гледаме почетокот на дискусијата за снабдување, на пример, од Франција, Германија со ракети со дострел од 500 километри и повеќе е сосема поинакво оружје, што ќе доведе до уште една пресвртница во спиралата на ескалација на тензиите“, изјави Песков за ТВ каналот Русија 1.

Песков оцени дека Западот зборува за човековите права и европските вредности само кога му одговара и дека немало никаква реакција, ниту пак имало „збор на осуда“ за бомбардирањето на Донбас пред почетокот на руската специјална операција.

Путин издаде инструкции по нападот со дрон врз Москва

Песков изјави дека рускиот претседател постојано добивал известувања на денот на нападот со беспилотно летало врз Москва и Московската област, вклучително и телефонски, и дека подоцна издал одредени упатства, бидејќи тој е претседател и врховен воен командант.

„Путин добиваше извештаи и од Министерството за одбрана и од Министерството за вонредни ситуации и од шефовите на регионите – Москва и Московскиот регион. Извештаите доаѓаа постојано. Бидејќи информациите се ажурираа многу брзо, тоа беа постојани телефонски повици. Потоа имаше соодветни инструкции од шефот на државата, наредби на врховниот командант и слично“, рече Песков за распоредот на Путин тој ден.

Тој посочи дека претседателот на земја како Руската Федерација всушност е на функција 24/7.

Да потсетиме, како што соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација, Украина претходно изврши терористички напад со дрон на објекти во Москва.

Беа вклучени осум беспилотни летала: пет беа соборени од комплекс за противвоздушни топови во московскиот регион, три беа потиснати со електронско војување и пренасочени од нивните наменети цели.

Покрената е кривична постапка по членот за делото тероризам.