Петровска: Лицата со попреченост ќе се вработуваат без јавен оглас во Министерството за одбрана

0

Не е доволно да се зборува за инклузивност, мора да се преземат и конкретни чекори. Само со вклучување на инвалидите во работните процеси ќе покажеме дека нема пречка ниту еден граѓанин на Македонија лично да придонесе за безбедноста на својата татковина, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на својот профил на Фејсбук.

„Инклузивноста е нашата сила. „Со новиот предлог-закон за вработените во одбраната, кој влегува во собраниска процедура, предвидуваме вработување без јавен оглас за лица со попреченост“, информира Петровска.